Нов тренд кој не го разбираме: Облечете си ги фармерките наопаку
Последниот моден тренд кој се појави како дизајн на Boohoo ги остави фановите на модата невоодушевени.
Се работи за модел на фармерки во кои ќе изгледате како да сте си ги облекле наопаку, а компанијата тврди дека се тренд.
https://twitter.com/boohoo/status/1083483623075004417/photo/1
Бојата на фармерките е посветла, се гледа внатрешноста на џебовите наместо надворешниот дел и рабовите се впечатливи, па многумина за нив велат дека изгледаат како моделите да се облекувале во темница.
Во модната индустрија постојано се појавуваат нови бизарни модели на фармерки, но овој, буквално никој не го разбира.
Сепак, како и многу други несфатливи работи, сигурно ќе има некој кој ќе сака да биде во тренд и ќе се појави во овие фармерки.
Би ја прифатиле ли вие оваа мода?
М. М. | Црнобело