Бои со кои дамите изгледаат „богато“ и префинето во текот на зимата
Купувате ли секоја сезона облека во одредени нијанси? Можеби веќе инстинктивно ги носите овие тонови. А, доколку не е така, тогаш не е доцна да го надополните плакарот и со уште некое парче.
Иако е најстуденото годишно време, зимата не ја поврзуваме само со ладните тонови. Постојат и топли, кои освен што секоја година се актуелни, истовремено важат и за најелегантни за споменатото доба.
Ова се боите со кои дамите изгледаат богато и префинето во текот на зимата:
Вино
Ова е боја што ви гарантира луксузен изглед. Добар избор е како за секојдневните прилики, така и за вечерните излегувања. А, подеднакво е топла и драматична, ама и елегантна и заводлива.
Може да се каже дека е една од безвременските владетелки во текот на зимата. Едноставно е да ја комбинирате, бидејќи одговара со повеќето други тонови, така што ќе имате доста простор за креативност.
Сива
Ова е боја што им стана фаворит на мноштво девојки, особено во зимските денови. Таа е неутрална и класична, а посветлите нијанси не се воопшто монотони и стерилни. Напротив.
И неа лесно може да ја вклопите со секое парче од гардеробата за студената сезона, затоа што совршено ја надополнува зимската палета на бои и дезени.