Нанесете туш за очи
Се снаоѓате ли со нанесувањето туш на очите? За совршено добро исцртана линија потребен е малку тренинг. И не секое око трпи ист начин на шминка.
Затоа ако веќе се решавате за ваков тип на исцртување на очите, имајте ги на ум овие неколку варијанти:
1. За мали очи. Повлечете ја линијата со црн туш по горните капаци така што постепено ќе се задебелува кон надворешните рабови. На работ на долните трепки повлечете тенка линија со некоја посветла боја како златна, сребрена или бела.
2. Вцрвенети очи. Линијата на горниот капак нанесете ја со пастелен темен туш. Потоа преку тушот, на надворешните рабови на горниот капак нанесете нежна неутрална сенка за очи (сива или кафена), и со истата сенка повлечете тенка линија по рабовите на долните капаци од очите.
3. Уморни очи. Тенка линија повлечете по самиот раб на горните трепки, внимателно виткајќи ја нагоре кон самиот надворешен раб на капакот.