Успешните мажи избираат Gabbiacci
Луксузниот италијански бренд деновиве го прославува првиот роденден на својата продавница во ГТЦ на приземје, спроти Жена-парк, и по тој повод ги израдува своите клиенти со -25% попуст на парчињата од колекцијата есен-зима.
Dressed for success не е само обична фраза, покажаа најновите истражувања кои го анализираа облекувањето на бизнисмените од Вол стрит до Токио.
Сега и официјално е потврдено дека фина квалитетна облека и добро изградениот стил влијаат врз начинот на кој соработниците, деловните партнери и околината воопшто ја перципираат личноста.
Облеката значително влијае и врз самодовербата на една личност, а очигледно сето тоа има влијание и врз успехот што таа личност го постигнува.
Истражувањето било спроведено на 150 мажи, на возраст од 18 до 45 години, кои имале задача да учествуваат во преговори при купопродажба на различни производи. Биле поделени во две групи според начинот на облекување.
Во првата група мажите биле облечени во облека со просечен или потпросечен квалитет, без некој особен стилски печат. Оваа група остварила „профит“ кој во реални пари би одговарал на 680.000 долари. Во втората група, мажите биле облечени во висококвалитетна и стилска облека и нивниот теоретски профит бил 2,1 милион долари.
Друго истражување, пак, покажало дека мажите што сакаат и што носат луксузна и стилска облека полесно го насочуваат размислувањето кон пошироката слика и кон поголеми проекти, додека оние со просечна облека почесто се фокусираат на ситни и небитни детали.
Ако се има сето ова предвид, не е изненадување што во последнава година префинетиот италијански бренд Gabbiacci стана првиот избор на скопјани кога е во прашање машката луксузна облека. Но и не само за нив. Оваа продавницата за луксузна машка облека ја посетуваат мажи со стил од цела Македонија, но и од регионот.
Gabbiacci деновиве го прославува првиот роденден на својата продавница во ГТЦ на приземје, спроти Жена-парк, и по тој повод ги израдува своите клиенти со -25% попуст на парчињата од колекцијата есен-зима до крајот на годинава.
Облеката и модните детали на луксузниот италијански бренд совршено им одговараат на џентлмени што сакаат да изгледаат деловно и истовремено ги следат модните трендови. Дизајнирани се и изработени по највисоки стандарди за клиенти што сакаат да се облекуваат луксузно, но и удобно. Костуми, палта, панталони, сакоа, кошули, џемпери и пуловери, чевли и различни модни детали, најдобрите вратоврски што може да ги замислите, игли за вратоврски... – сè со италијански стил и шарм во кои мажите се пронаоѓаат, а жените тешко им одолеваат. Современите колекции се дизајнирани во комплементарни концепти како regular-fit или slim-fit и изработени се со врвен квалитет. Токму тоа е клучот за импресивен изглед кај секој маж.