Модни совети: Како стилски да носите прекумерно голема облека, за да не изгледате како „во вреќа“?
Во последно време, многу девојки се среќни со фактот дека прекумерно големата облека е во мода и многу лесно може да изгледаат средено и со огромен џемпер.
Но, фали многу малку за да се направи утка и целосно да го уништите изгледот, притоа оставајќи впечаток како да сте облечени „во вреќа“.
Постојат правила и при бирање на широката облека за да изгледате стилски, а стилистите советуваат како да не направите модна грешка.
Држете се до следните правила:
Како да одберете големина, боја и детали?
Колкава треба да биде големината?
За да изгледате добро во прекумерна облека, се смета дека парчето треба да биде 2 броја поголемо од соодветниот, а високите девојки можат да си дозволат и 3-4 броја поголеми парчиња, а денес се наоѓаат и многу со стандардна големина кои за повеќето девојки се прекумерни.
Како да го уништите изгледот и пропорциите на фигурата?
За на не ја изгубите формата на телото, може да ја нагласите половината со колан, или да откриете малку кожа на рамената и држете се до правилото: тесен долен дел+широк горен дел или тесен горен дел+широк долен дел.
Дали прекумерните парчиња облека се соодветни за оние со прекумерна тежина?
Иако генералното мислење е дека не се соодветни, бидејќи ќе ја направат фигурата уште поголема, сепак некои дизајнери не го забрануваат ова категорично, ако добро се искомбинира.
Дали може да комбинирате две прекумерни парчиња облека?
Ретко кој може да успее да направи таква комбинација и да не изгледа смешно, па држете се само до едно прекумерно парче во аутфитот.
Какви чевли се носат со прекумерна облека?
Иако нема правило, сепак најдобро е да се носат штикли или чевли на платформа, за визуелно да ја издолжите фигурата.
Најдобри комбинации за стил со прекумерна облека
Широк горен дел + тесен долен дел
Ова е наједноставната и универзална комбинација, а за да ја направите повпечатлива, може да ставите еден дел од горниот дел во панталони, или да носите чантичка преку рамо и слично.
Џемпер-фустан
Прекумерен џемпер кој наликува на фустан во комбинација со високи чизми е исто така одлична комбинација за ваков стил.
Широка кошула + тесно здолниште
Мини здолниште со тесен или рамен крој комбинирано со широка кошула е исто така честа комбинација и одличен избор.
Како да одберете соодветни прекумерни палта?
Обрнете внимание на линијата на рамената кај класичните палта
Линијата на рамената на палтото не треба да е многу подолга од природната линија на вашите рамена и да ви виси претерано многу. Ракавите исто така треба да се подолги од вообичаено, но не премногу.
Идеална должина на прекумерни капути
За големината на капутите важи истото како и за големината на останатата облека – 1-2 броја поголеми. Ниските девојки не треба да бираат предолги модели, а високите може да си дозволат подолги.
Соодветна комбинација
Ако сакате да носите прекумерен капут или јакна, тогаш задолжително треба да ја комбинирате со тесни панталони, хеланки или краток и тесен фустан/здолниште.
М. М. | Црнобело