18 бонтон правила за облекување кои ги знаат само вистинските дами

Хулахопките никогаш не смеат да бидат потемни од здолништето. Градникот кога го носите со транспарентни кошули треба да биде во неутрална боја.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-01.jpg

Вистинските дами внимаваат на начинот на комбинирање на облеката и успеваат да изгледаат убаво и привлечно. Тие никогаш не прават вулгарни комбинации.

Бонтон правила за облекување кои ги почитуваат вистинските дами:

Правила за хулахопки

Хулахопките се убав додаток на секој стајлинг, но ако се во силна боја и со несоодветна текстура може да доведат до модна катастрофа. Најважно е да обрнете внимание на формалноста на пригодата.

- Во канцеларијата треба да го почитувате правилото на иста боја, односно со посветла облека да носите светли хулахопки, а со потемна - темни. Хулахопките не треба да бидат потемни од здолништето, идеално е да бидат во иста нијанса или една нијанса посветли.

- Експериментирањето со бои и текстури е идеално за на забави, но не и за секојдневен изглед.

- За со чевли добро е да изберете хулахопки со средна дебелина, а за со чизми потенки.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-02.jpg

Правила за чорапи

Чорапите се интересни за зачинување на аутфитите, но со неправилен избор може да ја уништат хармонијата на изгледот.

- Белите чорапи се добри за невестите и за медицинските сестри, во другите случаи избирајте понеутрални тонови.

- Чорапите со дезен на нив се наменети за девојки со слаби нозе затоа што тие визуелно прошируваат. Девојките со подебели нозе треба да се држат до монохроматските.

- Оптималната должина на чорапите се одредува лесно - чорапите треба да бидат една дланка повисоки од нивото на здолништето или шорцевите.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-04.jpg

Правила за транспарентен горен дел

Едно време беше во мода смело да се комбинираат бели кошули со црни градници, но сега тоа дефинитивно не е ИН.

- Под транспарентните бели кошули и маици најдобро е да облечете градник која е во слична нијанса како вашата кожа.

- Градникот треба да биде монохроматски, не смее да има дезен.

- Ако облеката ви е многу проѕирна, градникот заменете го со чипкан бралет или тесна маичка во боја како облеката.

- Треба да избегнувате бела долна облека, без разлика на нијансата на облеката, затоа што ќе биде многу забележителна.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-07.jpg

Правила за градник

Најосновното правило на стилистите е дека долната облека не треба да биде забележителна и дека треба да обрнувате внимание на текстурата на долната облека и текстурата на облеката.

- Колку е подебела облеката, толку повеќе текстура градникот може да има, без разлика дали тоа е чипка или други додатоци.

- Ако сакате тесна облека, тогаш градникот треба да биде мазен, да дава добра поддршка, а едновремено да не доминира.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-03.jpg

Правила за гаќички

Можеби ви изгледа дека изборот на гаќички воопшто не влијае на вашите стајлинзи, но запомнете дека еден мал детаљ може да ја уништи целосната слика. Гумените ластици од страна кои ве сечат и се гледаат преку панталоните навистина не изгледаат привлечно.

- Колку ви е позатегнат задникот, толку поотворени гаќички можете да си дозволите.

- Материјалот на гаќичките треба да ви зависи од материјалот на панталоните, па ако носите панталони од лесен прозрачен материјал, од таков треба да ви бидат и гаќичките.

- За да избегнете проблем кога гаќичките буквално ви го „гризаат“ телото, носете модели кои ги покриваат проблематичните делови и дадете им предност на боксерките, за сметка на тангите.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-05.jpg

Правила за чипкани бралети

Бралетот е облека со декоративни елементи и може да се носи и како долна облека, но и како одделно парче.

- Бралетот е соодветен за девојки со мали гради, затоа што не дава голема поддршка и кај девојките со големи гради ќе прикаже повеќе од што е соодветно.

- Ако го носите бралетот како дел од аутфитот најдобро е да го комбинирате со здолниште или панталони со висок струк.

- Идеален начин на комбинирање на бралетот е со блуза која е преотворена за да ја носите со обичен градник. Единствено ограничување е и блузата да не биде чипкана.

17-bonton-pravila-za-oblekuvanje-koi-gi-znaat-samo-vistinskite-dami-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg