Тексас јакна е задолжително парче за оваа сезона: 30 идеи како да ја носите
Иако долго време не беше во мода, пред неколку сезони тексас јакната повторно стапи на модната сцена.
Сепак, одреден период многумина беа скептици бидејќи одамна се откажале од ова парче облека.
Сега, повторно е многу популарно и речиси неопходно парче кое мора да се најде во гардероберот на секоја девојка, посебно во оваа сезона кога на летото полека му се гледа крајот и почнуваат свежи вечери, па и денови со променливо време.
Тексас јакната ќе ви биде многу потребна цела есен, но можете уште отсега да почнете да барате во гардероберот на вашата мајка или баба каде можеби ќе најдете шик парче или едноставно да си купите нова.
Постојат многу различни модели, кратки, долги, со реси, со везови – изборот е огромен, а блогерките ги комбинираат речиси за секоја пригода со секаква друга облека.
Погледнете неколку идеи како да носите тексас јакна:
М. М. | Црнобело