Како да го „украсите“ вашиот изглед за на плажа како блогерките и ѕвездите?
Деновите кога само облекувавте костим за капење и нешто со што ќе се покриете пред да се упатите на плажа се веќе минато, барем за оние кои сакаат да бидат во чекор со модата.
Девојките кои се грижат за својот изглед и стил, сè почесто се трудат да изгледаат впечатливо и кога одат на плажа, а за тоа им помагаат модните додатоци.
Иако не треба да се претерува бидејќи сепак одите на плажа, сепак постојат начини како да го „украсите“ вашиот изглед.
Неколку ланчиња со приврзоци, алки за рака или нога, впечатливи очила за сонце, шешири и уште многу други работи може да го надополнат изгледот.
Во продолжение погледнете како ѕвездите и моделите го искомбинирале стајлингот за на плажа, а потоа погледнете и галерија за инспирација од блогерките.
Елса Хоск се држи до едноставен изглед со бели бикини и нежен златен накит.
Џоан Смолс прави совршена комбинација од црно монокини и златен накит со тиркизни камења.
Џиџи Хадид се враќа во минатото со винтиџ накит, бикини и очила за сонце.
Каја Гербер обичните црни бикини ги комбинира со –школки-обетки и детско шеширче.
Бела Хадид бира целосно црн спортски и секси аутфит за на плажа.
Емили Ратајковски се држи до боите на сонцето, мини златен накит и сламен шешир.
Исцрпете инспирација од блогерките и одберете накит за на плажа:
М. М. | Црнобело