10 мали стилски тајни од Амал Клуни за изглед без грешка
Сопругата на Џорџ Клуни, Амал, секогаш изгледа беспрекорно во секоја пригода и во секаква комбинација.
40-годишната адвокатка блеска каде и да се појави, а она што е интересно е тоа што секогаш е едноставна и не претерува со ништо за да изгледа совршено.
Нејзиниот моден стил се базира на елеганција и класика, а секогаш знае да изненади со необични дизајни, храбри дезени и детали.
Секогаш може да исцрпите инспирација од модните аутфити на Амал Клуни, но добро е и да знаете до кои правила треба да се држите.
Мали стилски совети од Амал кои ќе ви послужат за изглед без грешка:
1. Никогаш не претерува со модни додатоци – некогаш е доволна впечатлива чантичка и тренди обетки.
2. Не се плашете некогаш да засветкате – таа не бега од ткаенини со металик сјај.
3. Не е сè во неутралните нијанси – експериментирајте со силни бои.
4. Шеширите можат да бидат многу кул моден додаток.
5. Облеката која ја носите мора совршено да ви стои и одговара.
6. Покажете малку гола кожа, но во граници на нормала.
7. Понекогаш е добро модно да се ускладите со посилната половина.
8. Капутите и палтата со прекумерна големина некогаш стојат одлично.
9. Ако облеката ви е во неутрални тонови, разиграјте ја со детаљ во поживи бои.
10. Трудете се да бидете поразлични со некој моден детаљ, како на пример ракавици.
М. М. | Црнобело