7 модели на фустани кои мислите дека ве прават послаби, но ве прават подебели

Дали при купувањето на фустан строго внимавате тој да го покрие вишокот на вашиот стомак или бутови? Можно е да правите некои драстични грешки.

7-modeli-na-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-01.jpg

Фустанот е најженственото парче во гардероберот на секоја жена и идеалниот сопатник за во лето.

Сигурно и вие купувате тренди фустани, но и модели на фустани наменски затоа што мислите дека ќе го сокријат вашиот несовршен стомак, масивни бутови или широки раменици.

Но, некои модели на фустани иако мислите дека ве прават послаби, всушност ве прават подебели:

Фустан „торба“

Фустаните со крој во форма на „О“ буквата ги кријат сите мани, но во исто време вашата фигура изгледа како ваза со две рачки (вашите раце).

Подобра опција:

Заменете го со фустан трапезоид. Вака ќе ги сокриете несовршеностите, но сепак ќе ги задржите природните пропорции на фигурата.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-02.jpg

Фустан со нагласен струк

Овие фустани се сметаат за врвни херои на камуфлажата, кога станува збор за жени со тело „јаболко“ или „круша“. Но, едновремено ризикувате да се претворите во Херкулес затоа што делењето на вашето тело со колан под градите на овој начин ви ги нагласува рамениците.

Подобра опција:

Заменете го со фустан на преклоп, кој на секоја фигура може да ѝ даде форма на песочен часовник.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-03.jpg

Фустан со мека линија кај рамениците

Романтичните фустани со полу-ракавчиња никогаш нема да ви бидат сојузници. Тие им додаваат волумен на рамениците, рацете и торзото.

Подобра опција:

Заменете ги со фустан со класичен крој и геометриски линии. Фустанот кошула ќе го тргне вниманието од проблематичните зони.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-04.jpg

Фустан со А-крој

Овој тип на фустан го обожаваат модните брендови и го нагласува тенкиот струк и нозете. Но, и покрај општото мислење дека ги крие маните, тој стои совршено само на девојки со манекенски пропорции.

Подобра опција:

Заменете го со фустан лале, кој со малите набори долу ќе ги сокрие вашите широки колкови, а повторно ќе имате женствен изглед.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-05.jpg

Тесен фустан

И покрај тоа што не е веќе во мода, тесниот фустан сè уште има приврзанички. Иако, се верува дека цврстиот материјал ги затегнува успешно вашите проблематични делови, вистината е поинаква. Дури и слаба девојка ризикува со облекувањето на ваков фустан.

Подобра опција:

Заменете го со деловен фустан со јака, кој ќе ги сокрие килограмите и на префинет начин ќе ја истакне вашата фигура.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-06.jpg

Спортски фустан со околувратник

Со овој фустан ги разголувате рамениците, но ја задржувате пристојноста. Но, за жал ова парче може да ја прошири и најхармоничната фигура.

Подобра опција:

Заменете го со спортски фустан со V-израз кај деколтето. Визуелно ќе ви го издолжи вратот и фигурата во целост.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-08.jpg

Поло фустан

Маичката која потоа стана фустан дава одличен спортски стил, но не можат да го носат девојки кои имаат дури и само малку вишок кај стомакот, рацете или нозете.

Подобра опција:

Заменете го со фустан со прав крој со мали ракавчиња. Суптилно ги крие килограмите и го истанчува телото.

7-modeli-на-fustani-koi-mislite-dekapve-pravat-poslabi-no-ve-pravat-podebeli-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg