8 модни трикови од Италијанците за да бидете маж со беспрекорен стил
Што ви паѓа прво на ум кога ќе помислите италијански стил? Дали нешто беспрекорно, префинето и тренди?
Само кога ќе прочитате „Made in Italy“ звучи многу посимпатично од „Made in China“, зарем не? Италијанскиот стил се поврзува со нешо луксузно, квалитетно и модерно.
Облекувањето како за на насловна страница им е во крвта на Италијанците, па од нив лесно може да научите како да изгледате стилски.
Трикови за да имате беспрекорен италијански стил:
Доза на лежерност
Италијанците имаат термин „la sprezzatura“ кој посочува на одредена небрежност во стилот.
Мажите во Италија сакаат да се чувствуваат комфорно кога се движат, па така нивните палта и јакни зрачат со некоја лежерност. Со тој стајлинг ќе ви биде пријатно на состанок, но и на прошетка низ центарот на градот.
Експериментирање со боите
Кој кажа дека розовата и виолетовата боја се резервирани само за жените? Италијанците им се смеат на стереотипите од овој вид.
Тие комбинираат кошули во силни бои со костими во неутрални бои. Тие можат да износат и сериозен деловен имиџ со шарено џемперче, префрлено преку рамениците.
Шешири
Италијанците обожаваат стилски шешири со чија помош изгледаат уникатно и префинето, плус се штитат од топлото италијанско сонце.
Модни додатоци
Масивен спортски часовник, мало шамивче во џебот на палтото, витниџ очила за сонце, ремен во бојата на чевлите се само дел од модните додатоци кои Италијанците ги обожаваат.
Со помош на таквите детали тие за себе креираат тренди изглед.