Пластичните чевли се во тренд, но дали се добри за вашето здравје?
Досега сигурно сте забележале како трендот на пластични штикли и чизми започнува да зема сè поголем замав. И додека постојат жени кои не можат ни да ги погледнат, има и такви кои сакаат да бидат во чекор со модата.
Многумина кои веќе го пробале овој тренд се жалат на нивната неудобност, како и на непријатната миризба поради зголемена перспирација.
И иако огромен број фотки од познатиот Кардашијан-Џенер клан направи популарноста на овие чевли да порасне, сепак мора да се согласиме дека никој од нас не би се осмелил да појде било каде со еден ваков пар чевли.
Но, секој има различен вкус, па ќе го тргнеме тоа настрана и ќе се фокусираме на професионалното мислење на медицински лица за овој тип на чевли.
Докторите изјавуваат дека ваквиот тип на чевли кои не ѝ овозможуваат на ногата да дише, се најпогодно место за создавање на инфекции и бактерии.
Исто така многу луѓе се алергични на пластика и пластичните штикли може да им предизвикаат лоши алергиски реакции, иако нема да бидат свесни за тоа.
Уште една лоша страна на пластичните чевли е нивната цврстина. Стапалото многу често отекува, а особено по неколку часа поминати во нив.
Носењето на вакви чевли кои не дозволуваат комоција и удобност може да предизвика запирање на циркулацијата во стапалото.
Затоа, независно од желбата за следење на трендовите, подобро е да ги оставите овие чевли и да се грижите за вашето здравје.
Не се споредувајте со славните, бидејќи тие понекогаш го прават тоа само за да бидат фотографирани, а потоа ги заменуваат овие чизми со побезбеден и покомотен модел на чевли.
Веќе имаме доволно маки со високите потпетици, па дефинитивно не ни се потребни ПВЦ чизми кои наместо да направат да се чуствуваме подобро, ќе направат да се чувствуваме како ужасно и нечисто.
Што мислите вие? Дали би го носеле овој „опасен“ тренд?
К. Д. | Црнобело