Две работи кои никогаш не треба да ги носите два дена по ред
Нормално е два дена по ред да носите ист пар фармерки, меѓутоа има две работи кои никако не смее да ги носите два дена без пауза.
Од хигиенска гледна точка, потребно е да направите еден ден пауза со следните работи:
Градник
Ако градникот го носите цел ден, потоа и него му е потребен „ден за одмор“, бидејќи деловите кои се растегнуваат може да ја загубат еластичноста.
Сигурно не сакате омилениот градник да се прошири и да не ги држи градите на место. Затоа, направете пауза помеѓу две носења.
Чевли
Постојат многу луѓе кои носат еден ист пар чевли додека не забележат дека се искинати, излитени и веќе не се удобни за газење.
Меѓутоа, носењето на ист пар чевли повеќе дена по ред никако не е препорачано. Со носењето на ист пар чевли два дена по ред го повторувате притисокот врз стапалата на истото место, што никако не е здраво.
Време е за промена на секојдневните навики...
М. Д. | Црнобело