10 модни трендови кои ни здодеаја и соодветнa заменa за нив
Обетки „четка“
Некои ги проценија овие обетки како женствени, а други ги споредија со четка за чистење.
Заменете ги со:
Долги обетки како синџирчиња или со големи обетки со невообичаена геометриска форма.
Фустани и кошули со тантела напред
Стајлингот во стилот на Ким Кардашијан, кој покажува сè го опседна светот, но тој дефинитивно не е за секоја девојка, а и малку сме презаситени од него.
Заменете го со:
Маички, кошули, фустани од природни материјали, совршени за секоја пригода.
Авијатичарски очила за сонце
Овој облик на очила беше измислен во 1938 година, но врвот на популарноста го достигна пред 4 години и секоја трендсетерка има по неколку бои од нив.
Заменете ги со:
Екстремно мачкести очила за сонце кои даваат впечатлив и елегантен изглед или пак со какви било очила со чуден облик што се издвојуваат.
Везови на фармерки и јакни
Минатата година везови имаше апсолутно на сè и тоа јакни, кошули, маички, па дури и на шапки и чевли. Време е да се откажеме од нив.
Заменете ги со:
Монохроматски парчиња облека или парчиња со дезен риги.
Шешири
Уште еден тренд што ги опседна трендсетерките се големите шешири. Тие не им прилегаат на сите, но сите сакаа да бидат тренди и купија барем по еден таков.
Заменете ги со:
Беретка или некоја впечатлива шапка што ќе ве издвојува.
С. С. | Црнобело