Бидете секси и заводливи: 5 типови чевли кои совршено се комбинираат со тесни фармерки
Тесните фармерки се нешто што секоја девојка треба да го има во својот гардеробер. Од секојдневна варијанта до вечерно излегување, тесните фармерки можат да се вклопат во секоја пригода, само треба да знаете како да ги искомбинирате.
Познатата стилистка Микаела Ерлангер , која што работи со звучни имиња како Џенифер Хадсон и Хилари Свонк, открива дека чевлите се оние кои што го диктираат начинот на кој што треба да ги носите тесните фармерки.
Токму затоа особено внимание треба да посветите на стилот кој што ќе го одберете, без разлика дали тоа ќе бидат дискретни салонки за дневна прошетка или чизми над колена за вечерно излегување.
За да ви помогне при изборот, Ерлангер препорачува – доколку се најдете пред излог за чевли, ова се петте најдобри опции кои што можете да ги носите во комбинација со вашите омилени тесни фармерки:
Чизми над колена
Без разлика дали се на висока потпетица или рамни, овие чизми се секогаш вистинскиот избор доколку сакате тренди вечерно излегување во тесни фармерки.
Ваквата комбинација ја издолжува ногата и оддава истовремено шик и елегантен изглед. Овој тип на чизми изгледа особено секси доколку на себе ги носите во комбинација со фармерки со висок струк.
Чизми до глужд
Комбинацијата тесни фармерки и чизми до глужд е вечна комбинација, што би рекле дизајнерите „како од моден каталог“. Внимавајте само тоа да биде нешто класично и едноставно без многу крзно и впечатливи панделки.
Овој совет особено треба да го земат предвид девојките коишто се пониски или со градба на тело во облик на „крушка“ – ваквите додатоци не ја издолжуваат ногата, напротив прават таа да изгледа нападно и скусено.
Рамни чевли со шпиц
Оваа комбинација е одличен избор и истиот е во тренд од времето на Одри Хепберн, па сè до денес.
Можете да ги носите во различна боја, тие секако ќе привлечат огромно внимание на себе без разлика на сè.
Салонки со целосно отворена пета
Нема ништо посекси од тоа да разголите дел од стапалото додека на себе носите „цефка“ фармерки, кои ги истакнуваат линиите на долниот дел од вашето тело.
Обидете се, дефинитивно нема да останете незабележани.
Класични салонки
Оваа комбинација можете да ја носите буквално во секоја пригода. Од обична прошека низ трговските центри до вечерна дружба со пријателките.
Додадете само впечатлив накит и класично сако и подготвени сте за излегување!
С. У. | Црнобело