Колку и да ви е полн плакарот: 10 парчиња без кои не е комплетна гардеробата на дамите
6. Рамни чизмички
Што е зимата без црните рамни чизмички до глужд? Иако секоја студена сезона е тешко да се одолее на новите трендови за чевли, за ваквиот пар секогаш треба да најдете место во плакарот. Реално гледано – токму во нив ќе го поминете поголемиот дел од овие месеци.
7. Долг кардиган
Волуменозен, или, пак, потенок, долгиот кардиган е идеално парче за разигрување и на најздодевниот стајлинг. А, згора на сѐ и топли. Па, ќе го обожавате и носите постојано на себе.
8. Тесни фармерки
Иако веќе не се најпопуларните, толку долго беа на модниот трон, што станаа модна класика без која ниту една жена не може да го замисли секојдневието. Останатите трендови можеби успеаа да ги фрлат во втор план, ама тесните и понатаму се најприлагодливиот модел на фармерки што постои.
9. Елегантни панталони
Панталоните со раб долж средината на ногавиците, коишто изгледаат како дел од одело, за миг ќе ви подарат отменост и елеганција. Па, на секоја дама добро ќе ѝ дојдат барем едни вакви во нејзиниот орман.
10. Пругаста блуза
Класиката што ја прослави Коко Шанел, денес ќе ја пронајдете во гардероберот на секоја фешнистка. Најпопуларната варијанта се пругите во бела и црна, или, пак, темносина боја. Синоним се за францускиот шик, но лесно може да го пренесете на градските улици, каде и да се наоѓате.
Колку од овие парчиња ги поседувате во својот плакар?
М. А. | Црнобело