Хитот на ’90-тите: Моден детаљ кој се враќа во 2018 година (фото)

Oбожуваниот тренд пред две децении, стана неизоставно парче за актуелната сезона. Како што веројатно и претпоставувате, станува збор за мини чантичките кои се носат околу струкот.

hitot-na-90tite-moden-detalj-koj-se-vrakja-vo-2018-godina-foto-1_2.png

Историјата се повторува, а модата се врти во круг. Најголемите трендови речиси секогаш се враќаат, појавувајќи се неколку децении подоцна.

Притоа, секојпат одново ги освојуваат симпатиите на сите генерации.

hitot-na-90tite-moden-detalj-koj-se-vrakja-vo-2018-godina-foto-1_1.png

Еден од нив е и парчето што доминираше во последната декада од дваесеттиот век, а годинава пак ќе биде присутно на модната сцена.

Оваа сезона повторно е „ин“ малата чантичка со популарен назив „fanny pack”. Беше вистински хит во ’90-тите, кога сите масовно ја носеа на појасот.

hitot-na-90tite-moden-detalj-koj-se-vrakja-vo-2018-godina-foto-1.jpg

Сега модниот додаток се врати на голема врата, и тоа во неодоливи изданија – идеални за секојдневни аутфити.

Сѐ почесто го гледаме во изгледот на познатите блогерки, фешнистки и кралици на уличната мода. Како и обично, тие први го прегрнаа трендот со широко отворени раце.

hitot-na-90tite-moden-detalj-koj-se-vrakja-vo-2018-godina-foto-1_3.png

Од галеријата во продолжение, откријте како да го вклопите омилениот детаљ од деведесеттите во вашите комбинации за 2018 година:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Микро чанти и уште 5 модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви б...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg