12 модни трендови од 2017, кои ќе ги замениме со нови во 2018
Голи раменици Vs. Стил од 80-тите
Некои стилисти тврдат дека 2017 е последната година кога жените ќе носат голи раменици. Се разбира, нема да исчезнат сосема, но многу почесто ќе гледаме фустани во стилот на 80-тите со отворен грб.
Ако мислите дека отворот е преголем, секогаш можете да облечете јакна. Ретро стилот ќе се почувствува и во дизајнот на јакните, џемперите и фустаните.
Силни бои Vs. Бела боја
Во 2017 силните бои како сина, жолта, смарагдна и црвено-кафена без најтренди. Но, во 2018 тие ќе бидат заменети со една боја – белата. Ако не сте подготвени за стајлинг комплетно обоен во бело, дури и чевлите, тогаш модните додатоци нека ви бидат во друга боја. Камења, циркони, кристали, и сè што свети и искри, треба да биде насекаде.
Етно дезени Vs. Сјај
2017 ја одбележаа етно дезените. Но, сега дизајнерите одлучија да ја променат насоката и во 2018 да додадат многу сјај. Камења, циркони, светки, сè треба да искри.
Жените треба да бидат храбри околу своите аутфити во 2018, порачуваат стилистите.
Симетрија Vs. Неуредна коса
Можете да заборавите на совршената коса во 2018. Неуредната коса, несиметричните локни и разните нијанси ќе бидат во тренд.
Совршени веѓи Vs. Природни веѓи
Во последно време веѓите минаа низ многу трансформации. Во 2018 нема да има веѓи тенки како линија, ниту дебели и совршено уредени веѓи, туку во мода ќе биде златната средина односно природниот изглед на веѓите.
Повеќе нема потреба совршено да ги исцртувате и да ги затемнувате.
Совршено уредна шминка Vs. Кежуал шминка
Во 2018 жените ќе имаат шанса да се релаксираат во нивните навики за убавина. Покрај неуредната коса и природните веѓи, тие ќе може да носат и кежуал шминка.
Минимализмот ќе биде кул, па не ви се потребни три слоја на различна сенка на очите, опуштете се.
С. С. | Црнобело