12 модни трендови од 2017, кои ќе ги замениме со нови во 2018
На сцена доаѓаат костимите, маичките со моќни пораки, комфорните чевли и стилот од '80-тите.
Трендовите понекогаш доаѓаат и си одат толку брзо, што некои од нив излегуваат од мода по многу кус период.
Модните дизајнери сервираат комплетно нови правила секоја година.
Според нивните најнови модни колекции еве што ќе имаме на сцената во 2018 година, а со кои трендови од 2017 ќе се збогуваме:
Маички со забавни принтови Vs. Маички со значајни принтови
Во 2018 ќе можете да зборувате преку вашата маичка. Повеќе нема да имаме маички со забавни принтови, туку преку нив ќе изразуваме мисли и гледишта на светот. На овој начин со помош на стајлингот ќе испраќаме моќни пораки.
Модни куќи што го лансираа трендот се Dior, Haider Ackermann, Prabal Gurung, Ashish...
Инстаграм стил Vs. Костими
Во 2018 година повеќе нема да биде во мода да се облекувате како Ким Кардашијан и на сцена ќе стапат посериозните аутфити, како оние на Мадона и Мила Јовович. Искинатите фармерки и претесните фустани ќе бидат заменети со класична облека која во себе ќе носи доза на сексуалност, но не и вулгарност.
Костимите со три дела ќе бидат моден хит, а модни куќи што го лансираа трендот се: Dior, Lanvin, Dolce & Gabbana...
Детали од лажно крзно Vs. Детали од текстил
Во 2018 ќе им кажеме збогум на сите детали и модни додатоци од лажно крзно, како што се и познатите Gucci влечки. Ленти за коса, ракавици, турбани, сè ќе биде изработено од материјал.
Модни куќи што го лансираа трендот се: Gucci, Antonio Marras, MSMG, Moschino...
Некомфорни чевли Vs. Комфорни чевли
На сцената ќе бидат чевли што се неверојатно стилски, но кои совршено прилегаат и не го измачуваат вашето стапало.
Целата модна индустрија ќе биде насочена кон креирање на чувство на комфор и некомфорните чевли ќе заминат во заборавот. Модни куќи што го лансираа трендот се: Prada и Alexander McQueen.
Чокери Vs. Масивен накит
Чокерите во 2018 ќе бидат заменети со масивни ѓердани, алки и прстени. Ако не сте подготвени да им го привлечете вниманието на луѓето на овој начин, тогаш ќе ви се допадне новиот тренд – бисери. Модните дизајнери предлагаат не само носење накит од бисери, туку и ремени од бисери, чанта, и ленти за коса.
Златните синџири како ѓердани, но и како ремени, повторно ќе бидат хит. Модни куќи што го лансираа трендот се: Lanvin, Louis Vuitton, Chanel, Vetements...
Бохо шик Vs. Каубојски стил
Изгледа дека дизајнерите комплетно го исцедија хипи стилот и нивата љубов за бохо шик изглед ќе заврши на почетокот од 2018. На сцената ќе стапи каубојскиот стил и веруваме дека нивната имагинација тука ќе се разгори комплетно.
Модни куќи што го лансираа трендот се: Donatella Versace, Diane von Fürstenberg...