Водич за жени: 10 работи од крајот на XX век, кои ги обожаваме во обновено издание
Чокер
Чокерите го носат мирисот на 90-тите. Потсетете се само колку пејачката Бритни Спирс го обожаваше овој моден додаток. Потоа тие заминаа во заборав.
Денес овој аксесосар е повторно на модната сцена, но најверојатно неговата актуелност нема да потрае уште долго.
Сандали на платформа
На почетокот од минатиот век сандалите на платформа предизвикуваа контроверзии и некои од жените не ги прифаќаа како дел од својот стајлинг и ги носеа само за до продавница.
Работите се променија и во последно време сандалите се интегрален дел од животот на секоја жена. Дизајнерите постојано вложуваат напори за да го подобрат нивниот изглед.
Шноли за коса
Во 90-тите шнолите за коса беа вистински хит и се носеа секој ден, без разлика колку години имате.
Не се знае што го врати овој тренд на сцената, но сега не само децата, туку и возрасните го обожаваат овој аксесоар. Ријана го носи дури и на црвениот тепих.
Тексас фустани
Тексасот никогаш не излегува од мода, но кога Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк се појавија комплетно облечени во тексас, стана очигледно дека е време да одмориме од овој тренд.
Но, пред неколку години дизајнерите лансираа навистина убави тексас фустани што ја истакнуваат фигурата, па сега тие се гледаат како парче облека што може да се носи секој ден.
Ленти за коса
Сите беа фанатици по лентите за коса. Модерна девојка не можеше да се замисли без ваков моден додаток.
Сега тие се враќаат на модната сцена, а трендсетерките како Кендал Џенер со отворени раце го пречекаа овој тренд.
С. С. | Црнобело