Tрикови со кои облеката ќе ви изгледа скапо, без да трошите многу пари
Минимална козметика
Во модерното општество постои едно непишано правило – колку е повисок статусот на жената, толку е поедноставна нејзината секојдневна шминка. Првична цел е да се прикријат недостатоците и да се истакне женственост и грижата за себе.
Поважен им е јасниот изглед кој ќе се добие на лицето, отколку 3-те слоја шминка на нив.
Индивидуален парфем
Исто така многу важна карактеристика е квалитетниот парфем – без разлика каков е вашиот стил, ако мирисате добро и оставате трага наоколу, сите ќе ве гледаат поинаку.
Одберете го најдобриот мирис кој на вас ви одговара и не се водете по рекламите.
Дланките се рефлексија на грижата за себе
Понекогаш е доволно само да погледнеме во нечии дланки и сѐ ќе ни биде јасно. Тие нѐ отсликуваат, а жените со висок статус имаат секогаш добро средени нокти и мазна кожа.
Купување
Многу е важно да се одвикнете од таа навика која ја имавте во младоста да купувате што е можно повеќе и поевтина облека и чевли. Размислете кои ви се најнеопходни работи кои ќе можете да ги комбинирате во повеќе аутфити за повеќе пригоди. И секогаш, купувајте квалитетно.
Разголете само еден дел од телото
Ако одлучите да разголите некој дел од телото за да бидете попривлечни, секогаш одберете само едно нешто – рамена, нозе или деколте.
Доколку се разголите на сите места одеднаш ќе добиете невкусен наместо привлечен и дамски изглед.
М. М. | Црнобело