Tрикови со кои облеката ќе ви изгледа скапо, без да трошите многу пари
Иако многумина не се свесни за тоа, сепак, за жената да изгледа добро средено е потребно само да се следат неколку основни принципи.
Воопшто не треба да трошите многу пари за вашиот изглед да биде совршен, потребна е само добра комбинација и неколку правила по кои ќе се водите секогаш.
Ви откривате 10 трикови од стилистите кои ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед.
Сигурно ќе пронајдете некој што ќе ви бдие потребен и корисен:
Избор на бои
За да добиете комплетен изглед, важно е да се држите до неутралните бои на облеката. Одбраната боја ќе биде во фокус, а во деталите ќе може да си поиграте со нијанси, а можете да правите и комбинација од повеќе материјали.
Несоодветен стил
Не секогаш е добра идеја да ги следите модните трендови. Прво, тоа може да ви одземе многу време и финансии, а второ, постои ризик да не го погодите она што најдобро вам ви стои.
Затоа не гледајте што е она што сите го носат како униформа во моментот, туку она што на вас најмногу ви одговара на изгледот, годините, формата на телото и расположението.
Чанти со правилна форма
Чантата е најважниот детаљ во женскиот изглед, но за тој да биде совршен, бирајте чанти со правилна геометриска форма, бидејќи тие му даваат поцелосен изглед на стилот.
Друго што треба да запомните е дека е подобро да купите 1-2 квалитетни модели, отколку повеќе кои ќе бидат евтини, а не толку квалитетни, бидејќи тоа веднаш се забележува.
Средена фризура
Без разлика колку го средувате лицето и се грижите за облеката, доколку косата не ви е средена, целата слика ќе изгледа неуспешно. Фризурата е многу важен дел од стајлингот и обидете се секогаш да ја негувате во зависност од стилот кој го почитувате. Бидете креативни и експериментирајте.