Топ 10 омилени брендови на Џеки Кенеди
Joy by Jean Patou
Постои приказна дека Џеки користела неколку различни парфеми, но засекогаш му останала верна на Joy, кој ѝ бил омилен.
Valentino
Секогаш кога ѝ биле потребни фустани за свечени пригоди, нејзин прв избор бил Valentino. Таа на повеќето важни настани се има појавено во негови креации, а на втората свадба, венчаницата исто така е креација на Valentino.
Elizabeth Arden
Кога станува збор за шминката, Џеки имала свој фаворит. Тоа бил карминот и пудрата на Elizabeth Arden.
Erno Laszlo
Џеки го сметала него за гуру за нега на кожата. Во секојдневната рутина за убавина таа користела масло за нега на кожа по негова препорака.
Canfora
Таа исто така обожавала италијански сандали кои се произведувале на Капри и кои биле рачно правени. Често носела рамни златни сандали кои ги комбинирала со летни аутфити.
М. М. | Црнобело