Топ 10 омилени брендови на Џеки Кенеди
Џеки Кенеди остана како една од најпознатите први дами на САД, која успеа сите да ги шармира со својот изглед.
Беспрекорниот стил и вкус за комбинирање на облеката ја направи модна икона која ден-денес многумина се обидуваат да ја следат.
Секако, јасно е дека стилот на ваквите дами се гради со помош на одредени брендови.
Па, доколку не сте знаеле досега, дознајте кои брендови биле на врвот на листата на Џеки Кенеди:
François Pinton
Заштитен знак на првата дама биле нејзините огромни очила. Таа ги носела често, односно речиси во секоја пригода на отворено. За тоа е заслужна француската куќа за аксесоари, François Pinton.
Gucci
Џеки била голем љубител на една Gucci чанта, што дури била преименувана во „Jackie чанта“. Овој модел и ден денес е познат и омилен кај многу модни икони.
Tiffany&Co
Модната икона исто така била голем љубител на накитот од Tiffany&Co, а посебно се приврзала за аксесоар кој бил креација на Jean Schlumberger и поседувала многу нараквици кои се негов дизајн.
Oleg Cassini
Таа исто така го обожавала рускиот креатор кој е во светот на модата многу значаен, бидејќи во стилот на Џеки вовел живописни костими по кои таа е препознатлива.
Cartier
Таа за подарок добила часовник од Cartier, а ѝ станал едно од омилените модни парчиња. На многу фотографии се гледа дека често го носела, а компанијата и денес го продава овој модел.