Не носете здодевни црни капути: Модни трикови од стилистите на славните
Кога ги гледате ѕвездите на црвениот тепих сигурно помислувате дека тие имаат неверојатен стил и вкус за облекување.
Но, најчесто, тие имаат стилисти кои се грижат за нивниот изглед и тие се заслужни за нивната гламурозност.
Иако можеби ви изгледа дека е потребно да бидете професионалци за и вие да го постигнете истиот резултат, тоа не е точно.
Стилистите откриваат неколку правила до кои треба да се придржувате ако сакате да изгледате беспрекорно како ѕвездите на црвениот тепих.
Погледнете кои се тие:
Правилно бирајте ја должината на панталоните
Многу е важно правилно да ја одберете должината на панталоните и да биде складна со чевлите. Идеално би било ако растојанието од подот до долниот дел на панталоните е 1.3-1.5 cm, во зависност од чевлите кои ќе ги одберете.
Не купувајте обични капути
Капутот не е нешто на што треба да штедите, а изборот треба да си го сфатите сериозно. Ако имате можност да купите само едно парче во сезона, обидете се тоа да биде посебно. Ако капутот ви е уникатен, ќе бидете повпечатливи и ќе изгледате погламурозно.
Носете облека во светли бои
Ако не сте навикнати на светли бои, обидете се да ги внесете во вашиот гардеробер малку по малку. Носете ги нијансите кои најмногу ви се допаѓаат, а за да не направите грешка, комбинирајте неутрални со светли бои. Никогаш немојте да ги искомбинирате светлите нијанси со црна боја.
Купете евтини, но стилски модни додатоци
Модните додатоци можат драстично да го променат изгледот и комплетната комбинација. Убава стилска чанта или впечатливи чевли, како и модерен накит и светла марама, може да направат многу дури и ако сте обично облечени.
Внимавајте на ширината на облеката
За да изгледате складно, важно е да внимавате на пропорциите. Ако одберете горен дел кој ќе има повеќе слоеви, комбинирајте го со тесно здолниште или панталони и обратно. Во спротивно, ќе се изгубите во облеката и никој нема да ве забележи.
Бирајте чевли кои ќе ви одговараат со бојата на кожата или хулахопките
За вашите нозе да изгледаат подолги, одберете чевли со боја и нијанса која е слична на кожата и хулахопките.