Бајковити фустани на познатите дами кои фантазијата ја претвораат во реалност
Џенифер Лоренс, Кара Делевињ, Кејт Босфорт се дел од познатите дами што обожаваат изглед на модерни принцези.
Облекувањето за на забавите е без никакви ограничувања, па така многу познати дами магијата од бајките ја претворија во реалност појавувајќи се во прекрасни фустани.
Од тул во нежни нијанси до сирена фустани со транспарентни делови, модерните принцези мамат воздишки со својот стајлинг.
Пепелашка, Заспаната убавица, Ариел се само дел од ликовите од анимираните филмови што ги инспирираат дизајнерите ширум светот. Бајковити, но практични, овие фустани може да бидат вистинска инспирација и за вашиот изглед за наредната прослава.
Од Натали Портман до Наоми Вотс, еве кои дами ги облекоа најубавите креации:
С. С. | Црнобело