Победничката на Мис Србија
Актуелната белградска мисица Милица Јелиќ победи на финалната вечер за избор на Мис на Србија. Како што пренесува агенцијата, Милица била...
... избрана помеѓу 24 кандидатки, има 20 години, студира, а нејзините амбиции се после манекенството, да стане познат новинар.
Титулата за прва придружничка и припадна на Ани Шарановиќ, а за втора придружничка е избрана Јелена Милошевиќ од Јагодина.
"Едноставно не ми се верува. Во шок сум. Ова што ми се случува е преубаво. Се надевав на победа, бидејќи секоја девојка има свој квалитет, а најдраго ми е што пред се, стекнав добри пријателки. Најважна е убавината која човекот ја носи во себе, бидејки физичката убавина е минлива, останува она што е одвнатре", изјави новата мисица на Србија веднаш по прогласувањето.