14 парчиња облека кои не им прилегаат дури ни на најзгодните жени
Низ годините учиме како со помош на облеката да ги сокриеме недостатоците на телото, но некогаш се случува несвесно да кикснеме.
Направивме селекција од 14 парчиња облека кои не им прилегаат дури и на најзгодните жени, бидејќи ја проголтуваат убавината на секое тело.
Избегнувајте:
Панталони со кратки, широки ногавици
Непотребно ве прават пониски бидејќи ви ги скратуваат нозете. Добра замена се тесните капри панталони со должина над глуждовите.
Фустани без форма
Фустаните кои се како вреќи не може да ѝ ласкаат на фигурата. Подобро е да одберете струкирани модели кои ги нагласуваат облините.
Кратки, широки маички
Попаметно е да купувате маички кои го покриваат стомакот и го нагласуваат струкот, а не го шират.
Панталони во линии
Опасно парче облека кое не изгледа воопшто симпатично кога ќе се рашири на одредени места. Секогаш бирајте еднобојни фармерки и панталони.
Било што со бисерен сјај
Постојат аксесоари и принтови доколку сакате да делувате дотерано. Нема потреба од бисерен сјај кој облеката само ја прави евтина.
Сако со погрешен број
Сакото со погрешен број е најголемиот стилски грев. Секогаш внимавајте на големината на рамениците, должината на ракавите и бирајте женствени модели.
Панталони со крупен принт
Хаотичните панталони никогаш не се добар избор бидејќи ви ги кријат нозете и задникот. Подобро е да одберете монохроматски модел и принт.