14 парчиња облека кои не им прилегаат дури ни на најзгодните жени
Претеран контраст
Кога сакате да направите контраст, сепак држете се до истата палета на бои, само во различни нијанси. Така создавате хармонија која е пријатна и за очите, и за вашето тело.
Волуменозни наметки
Кратко и јасно - не си додавајте вишок килограми непотребно.
Фармерки со избледени делови
За да изгледате послабо и повисоко, предност дајте им на темно сините и еднобојни фармерки.
Било што со хоризонтални линии
Хоризонталните линии само ви ја прошируваат линијата, за што сигурно нема потреба.
Блузи со големи принтови
Секогаш е подобро да одберете монохроматска блуза со акцентирани детали.
Макси здолниште
Не заборавајте на едно важно модно правило – ако го покривате горниот дел од телото, разголете ги нозете. Макси здолништето никогаш не е паметно да го комбинирате со долги ракави и затворени блузи или џемпери.
Наметки без форма
Наметките треба да ве загреат, но не и да ви го уништат изгледот. Секогаш бирајте кардигани и џемперчиња кои имаат уредни линии, копчиња и соодветна должина на ракавите.
М. Д. | Црнобело