6 есенски трендови кои може да ги носите уште сега
Помеѓу топлото лето и благо постудената есен, може да дојде до конфузија кога е облеката во прашање.
Дали треба да ги мешаме летните и есенски трендови? Секако дека - да!
А, за на најдобар можен начин да успеете во комбинирањето повеќе стилови и трендови, ви препорачуваме да ги прочитате нашите модни совети и предлози, кои сигурно ќе ви бидат од полза.
Шесте есенски трендови кои може да ги носите уште сега се:
1. Кадифе
Кога е овој тренд во прашање, сeкако дека не мислиме на носење кадифен фустан, во кој ќе ви биде пеколно жешко. Доволно е да испробате кадифени чевли или чанта, со кои вашиот изглед ќе биде финиширан на единствен начин.
2. Впечатливи црвени нијанси
Есента секогаш ни носи интензивни, црвени палети – од богати бургунди и тонови во боја на вино, па сѐ до класичната црвена нијанса. Сега може да ги носите со нежно розовата, позната и како „millennial pink”, за освежување на целокупниот изглед.
3. Блејзери инспирирани од модата во 80-тите
Во мода се враќа изгледот каде доминираат палта со ретро дезен и крој, односно истакнати рамена. Подолгите блејзери, во тандем со фармерки и опуштена бела маичка, креираат совршен стајлинг за секој ден, па дури за на работа.
4. Цветни мотиви
Намалете ја количината на пастелни нијанси, а додадете појаки тонови, со мотиви на винова лоза и други билки кои не очекуваат во есенската сезона.
5. Тренерка – панталони
Елегантните и шик панталони, кои потсетуваат на тренерки поради пругите од страна, во спој со штикли и кошула, ќе создадат идеална деловна модна комбинација, а притоа ќе се чувствувате и мошне удобно во облеката.
6. „Макси“ обувки
Кога велиме макси, не мислиме на величината, туку на упадливата естетика на обувките. Мокасините и еспадрилите со штрас и металик детали, како и генерално украсените модели на чевли, ќе бидат вистински ѕвезди на меѓусезоната. Нека тие бидат во фокусот, а остатокот од стајлингот држете го на минимално ниво.
М. А. | Црнобело