Модна инспирација за мажи: Како да носите бели панталони?
Ретко може да забележиме мажи кои носат бели панталони, но оние кои знаат што е модерно и сакаат стилски да се облекуваат, задолжително поседуваат барем по еден пар.
Додека обичните сини фармерки се едноставни за комбинирање и можете да облечете било што со нив, со белите сепак треба малку да се потрудите за целата комбинација да изгледа тренди.
Тесни, широки или класични, со маица, кошула или џемперче (кога е ладно) - одговараат на сè и во речиси секое време.
Тие се безвременски, што значи дека можат да ги носат мажи на сите возрасти, но само ако знаат правилно да ги комбинираат.
Црпете инспирација од овие модерни мажи и бидете во тренд:
М. М. | Црнобело