30 највпечатливи појавувања на Ријана на светските манифестации
Ријана има впечатлив стил и храброст да ги проба сите трендови. Од фустани од кои ви паѓа вилицата до суптилен секси изглед во костими, таа може да износи сė.
Секој пат кога ќе зачекори на црвениот тепих поп иконата е во фокусот на вниманието.
На балот Мет Гала Ријана носеше креација од брендот Comme des Garçons, која ретко кој би имал храброст да ја облече.
На Канскиот филмски фестивал се појави во фустан од Кристијан Диор, инспириран од венчаница, а во розова креација од истиот бренд се појави и на премиерата на филмот „Home“.
Модни ревии, премиери на филмови и доделувања на награди, еве ги највпечатливите изданија на Ријана:
С. С. | Црнобело