Гладијаторки - сандали кои оваа летна сезона се враќаат во мода
По неодамна претставената Chanel Cruise колекција, сосема јасно е дека гладијаторските сандали ќе се искачат на самиот врв од трендовите.
Гладијаторките се посебен модел на сандали, кои ниту една дама не ја оставаат рамнодушна, особено за време на топлите летни денови.
Комбинациите со нив се безбројни. Елегантни се и истовремено лежерни, па може да се носат со женствени фустани и здолништа, но и тексас шорцеви и мини здолништа, фармерки, хеланки и комбинезони.
Со кое било парче и да се одлучите да ги облечете, гладијаторките се совршен избор. Сепак, најмногу се носат со шорц, фустан и кратки комбинезони, бидејќи во таквите комбинации најдобро доаѓаат до израз и се фокусна точка на целиот изглед.
Постојат разновидни модели на гладијаторки, кои најмногу се разликуваат по висината, а со тоа и бројот на ремчиња. Достапни се во повеќе бои и материјали, а најпопуларни се оние од кожа и во светли бои, кои имаат моќ да го зачинат сечиј стил.
За таа намена, ви претставуваме неколку омилени начини за комбинирање на овие обувки. Погледнете ги нашите предлози во галеријата и инспирирајте се како да ги носите во текот на целото лето:
М. А. | Црнобело