4 идеи како да ги замените трендовите кои ви го нарушуваат здравјето
Честопати, во име на модата и добриот изглед, подготвени сме да го жртвуваме здравјето.
Па така, со текот на годините „убавината бара жртва“ стана секојдневие.
Ако не верувате дека модата и здравјето одат заедно, ве побиваме од следните потточки.
4 идеи со кои опасните трендови може да ги замените со „поздрави“:
1. Тесни фармерки
Тесните фармерки се опасни за нервите и мускулите, па дури може да предизвикаат и лоша циркулација на крвта. Како да си помогнете? Носете ретро модели кои сега повторно се актуелни или машки крој на фармерките. Комбинирајте со тесни и кратки маички.
2. Тешки чанти
Женското место каде има буквално сè. Но, токму таа тежина може да предизвика болки во ‘рбетот, рацете и рамениците, заради носењето на нееднаква тежина. Помогнете си така што ќе одбирате мали чанти преку рамо, а ќе имате простор доколку земете мали пакувања од сите креми и парфеми.
3. Превисоки потпетици
Јасно ви е страдањето кое го трпите кога одите на потпетици од 10 сантиметри или повеќе. За да си ја олесните маката, а да изгледате модерно, одберете модели со дебела потпетица и не повисока од 3-4 сантиметри. Сега се ултра модерни, а и практични.
4. Тесно здолниште со висок струк
Со самото тоа што здолништето е претесно, јасно ви е дека движењето ви е ограничено, па мора да седите и стоите во неприродни пози. Време е да го замените со здолниште со А-крој.
М. Д. | Црнобело