Новите Лобутин чизми се прелеваат во сите можни бои
Францускиот дизајнер на чевлите препознатливи по ѓаволски црвените лакирани ѓонови уште еднаш ја потврди својата визионерска доминантност во светот на модата.
Тие се дел од колекцијата „Есен/Зима 2017“ и изгледаат како навидум обични светкави сребрени чизми, но како што открива видеото, текстурата на материјалот овозможува да се прелеваат во неколку живи бои.
Исто како маицата која беше вирална сензација пред неа.
Популарна стилистка на шега изјави дека материјалот од кој се изработени новите чизми на Кристијан Лобутин ќе го нарекува „кожа од еднорог“.
Ниски сребрени чизмички кои во себе кријат нијанси на силно розова, црвена, смарагдно-зелена и златна боја – кој не би ги сакал во својот плакар?
(О)Милена | Црнобело