Стил на денот: Широки панталони за модерни дами
Дали сте за широки панталони? Ако вашиот одговор е да, тогаш модните трендови дефинитивно ви се наклонети оваа сезона.
Широките и предимензионирани лежерни панталони, оваа пролет се основата во гардероберот на секоја модерна дама. Неколку сезони наназад, тие им се фаворити и на ѕвездите на уличната мода.
Станува збор за панталоните со висок струк и широки ногавици, чија должина може да биде макси или до колената. Изгледаат мошне елегантно, удобни се и одлично ја нагласуваат вашата фигура.
Доколку сакате поедноставен и опуштен изглед, тогаш може да ги искомбинирате широките панталони со кошула или обична маица со интересен натпис, а за погламурозна варијанта, пак, облечете ги со кроп топ од тантела или блуза со елегантни детали, а надополнете ја целата комбинација со масивен накит.
Широките панталони се идеални за сончевите пролетни денови, а може да го носите на повеќе начини. Погледнете како...
М. А. | Црнобело