Шик комбинации за пролетните венчавки
Сезоната на свадби може да започне! Како сè може да се облечете за оваа пригода? Ви претставуваме неколку инспиративни идеи за сечиј вкус.
Пролетта е позната и како сезона на венчавки, најмногу поради убавото, а не премногу топло време, зеленилото и цвеќињата. Без оглед на тоа дали сте поканети од страна на младоженецот или невестата, вашиот изглед треба да биде доволно впечатлив, елегантен и женствен.
За да ја изберете најдобрата можна варијанта, ви претставуваме неколку идеи кои сигурно ќе ве инспирираат. Воедно, ви препорачуваме да се фокусирате на женствените и лелеави фустани, без кои пролетната комбинација, едноставно не е целосна.
Ведрите и светли бои, интересните дезени (меѓу кои доминира цветниот), едноставните кроеви и елегантните детали треба да ви бидат на ум, кога ќе почнете со изборот на облека во која ќе се појавите на свадбената церемонија.
Што се однесува до облеката и аксесоарите, сандалите на потпетица со каивчиња, пом-пом топчиња и светки се голем моден хит, а кои не само што ќе го истакнат вашиот вкус, туку и ќе го надополнат едноставниот и женствен изглед на најдобар можен начин.
Доколку не сте за потпетици или платформи, можете да се определите и за балетанки со сличен изглед, или, пак чевли кои наликуваат на „оксфорд“ моделите, во металик или неутрални нијанси.
Зависно од темата и локацијата на венчавката, вашиот изглед може да варира од гламур и класична елеганција, па сè до опуштена и игрива „кежуал“ варијанта.
Од галеријата во продолжение, погледнете кои се предлозите кои ги одбравме само за вас:
М. А. | Црнобело