24 лежерни комбинации за оваа пролет
Доколку сте вљубенички во опуштениот начин на облекување, сончевата сезона ви нуди безброј можности да бидете во тренд, а останете верни на својот стил.
Ако облеката со предзнак „кежуал“ има централно место во вашиот гардеробер, тогаш ви предлагаме да ја збогатите својата сезонска колекција со нови маици со натпис, бидејќи оваа пролет се на самиот врв на трендовите.
Комбинирајте ги маиците со широки фармерки, кои повторно се враќаат на модната сцена, или, пак, со „boyfriend“ моделите, кои и натаму се омилени помеѓу трендсетерките.
Не плашете се да додадете малку розова и жолта, бидејќи и двете бои ќе бидат апсолутен хит во наредните месеци. Зачинете го изгледот со патики во пастелни нијанси, а не заборавајте ниту на кожната и тексас јакната, кои ќе ве стоплат и заштитат од пролетниот благ студ.
Фармерките можете да ги икомбинирате со кошула, при што имајте на ум дека пругастиот и цветниот дезен се полн погодок за престојните сончеви денови. Ако, пак, сакате да му дадете малку посериозна нота на вашиот изглед, заменете ги патиките со мокасини, а наместо тексас јакната одберете лесно палто.
Од галеријата во продолжение, погледнете кои се нашите предлози за опуштен, а стилски изглед во текот на пролетта.
Имате ли фаворит?
М. А. | Црнобело