10 стилски резолуции кои треба да ги направите во 2017-та
Покрај вообичаените цели кои ги правите во почетокот на секоја нова година, како на пример: да симнете неколку килограми, да почнете да штедите или конечно да најдете време за медитација, ние ви нудиме уште неколку стилски резолуции кои сè уште не е предоцна да ги додадете на вашата листа.
Со една мала доза на инспирација, ова ќе биде совршен момент да ги промените вашите модни навики и ритуали за убавина.
1. Пронајдете го совршениот костим
Без разлика дали сте високи или ниски, овој тренд е за секого. Само комбинирајте со неколку сантиметри повисоки штикли и ќе се чувствувате помоќно од било кога. Кога носите костим, вашиот мозок инсистира на однесување што ќе соодвестува на вашиот изглед. Многу е познато дека жените што се облекуваат како да се на моќна позиција, полесно стигаат до таквите цели.
2. Носете долг капут со шешир
Можете да креирате елегантен и софистициран изглед, само ако ги додадете овие две работи на вашата секојдневна комбинација. Без разлика дали ќе ги комбинирате со патики, чизми или штикли, овој изглед е соодветен за секоја пригода.
3. Инвестирајте во пар дизајнерски oчила за сонце
Перфектните очила за сонце ќе направат да се издвоите од толпата. Оваа година наместо да купувате неколку пара поевтини очила, инвестирајте во едни квалитетни брендирани очила за сонце. Тие ќе бидат првото нешто што луѓето ќе го забележат на вас, на прв поглед.
4. На вашиот гардеробер му недостасуваат неколку клучни аксесоари
Може да се работи за марама што ќе го надополни вашиот здодевен деловен изглед, или накит што ќе и даде сјај и на најобичната комбинација. Можеби е време да купите едно безвременско парче облека, без кое никогаш нема да го напуштите домот и ќе стане дел од вас како личност.
5. Најдете си еден пар модерни, разнобојни патики
Патиките оваа година направија една вистинска револуција во модата и несомнено се најголемиот тренд во моментот. Сите модни гиганти влегоа во натпревар кој ќе направи попопуларни и шик патики. Ова е одличен момент да ги најдете патиките од вашите соништа.
6. Усовршете ги „мачкините очи“
Овој начин на шминкање им дава сензационален и мистериозен изглед на вашите очи. Прави да се чувствувате прекрасно дури и кога остатокот од вашата шминка е сведен на минимум.
7. Намалете со контурирањето
Контурирањето изглегува од контрола толку многу, што повеќето од девојките изгледаат како да носат еден куп нечистотија на лицето. Не изгледа природно и доколку не знаете како правилно да го нанесете, изгледа премногу очигледно. Не мора целосно да се откажете, но намалете го драматичното цртање на лицето.
8. Пробајте нешто необично
Нови трендови на шминкање се појавуваат секојдневно. Пронајдете го оној што најмногу му одговара на вашиот карактер и секако на вашето лице. Од светки на усните, до сенки за очи во повеќе бои, експериментирајте.
9. Потрудете се вашата коса да изгледа природно
Независно дали се работи за фарбање, фенирање или фризура за свечена пригода, потрудете се вашиот изглед да биде поприроден. Во 2017-та, кога станува збор за вашата коса, доволно е само да го нагласите она што веќе го имате.
10. Доста е од накитените нокти
Овој тренд е одамна изумрен. Ако ноктите се највпечатливото нешто што го имате на вас, време е да ги промените. Обичните, средени нокти изгледаат многу попривлечно.
А. В. | Црнобело