Мачкајте ги со крема за раце: Трикови како зимските чизми да ви траат подолго?
Добрите кожни зимски чизми можат да траат со години и сезони, но само ако знаете да ги чувате.
Бидејќи се изложени на мраз, снег, сол и дожд, многу е лесно да се оштетат.
Затоа, внимавајте и практикувајте ги следниве совети и трикови:
1. Направете им место
Не ги туркајте со останатите чевли. За да ги одржите во добра форма и да ви користат и следната година, чувајте ги наполнети со весници и никако превиткани.
2. Секојдневно хранете ги со крема
Кожата ја губи својата влажност, па затоа е важно да ја храните со креми, да ја четкате и да ја штитите со соодветен спреј.
3. Вложете во добра четка
Распрашајте се по локалните продавници и не штедете некој денар плус. Тие ќе ве спасат од купувањето нови чизми секоја сезона, што и тоа како се исплати.
4. Пребришете ги после секое носење
Пред да ги оставите во шкафчето, задолжително избришете со сува крпа. Добри би било да имате едно посебно крпче за нив.
5. Ако случајно ви пропуштат...
Не ги оставајте да се исушат сами од себе, но не ги оставајте ниту до грејно тело. Оставете ги на место со нормална температура и наполнете ги со весници. Менувајте ги на час-два.
6. За да ја сочувате внатрешноста...
Редовно ставајте малку сода бикарбона. Извлечете ги непријатните мириси кои настануваат од потењето на нозете.
М. Д. | Црнобело