Од Мерилин Монро до Моника Белучи: Стилските тајни на добриот изглед

Според Џорџо Армани, еден од најпознатите модни дизајнери „Елегантноста не се состои во тоа да бидете забележани, туку да останете запаметени“.

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni01

А, ако сакате луѓето да ве паметат засекогаш мора да изградите сопствен стил од кој нема да отстапувате.

Ако помислите на жените кои важат за модни икони во областа на шоу бизнисот ќе забележите дека секоја од нив има сопствени правила кога е стилот во прашање.

Ако сте во потрага по она кое еден ден ќе можете да го наречете сопствен стил, погледнете некои од правилата до кои тие се придржуваат:

Грејс Кели

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-01

  • Носете макси здолништа..
  • Избирајте едноставен крој.
  • Изгледот надополнете го со елегантни додатоци: долги ракавици, бисери, шешири, шалови, заоблени обетки.

Елизабет Тејлор

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-02

  • Избирајте едноставни фустани кои ја следат линијата на телото.
  • Не плашете се да изгледате ексцентрично: носете крзно и свила, пердуви...
  • Носете облека со интензивни бои.

Одри Хепберн

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-03

  • Секогаш избирајте црна, бела, црвена и песочно кафеава боја.
  • Држете се до основното правило: погледнете се добро во огледало и откријте ги вашите силни страни.
  • Не заборавајте на додатоците: елегантна чанта, долги свилени ракавици, накит со дијаманти и шешири.

Мерилин Монро

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-04

  • Црвените усни и насмевката се нешто кое секогаш треба да го имате на себе.
  • Носете високи потпетици.
  • Избирајте женствени и секси пин-ап фустани.

Софија Лорен

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-05

  • За да изгледате елегантно секогаш избирајте квалитетни парчиња облека. Одлучете што ви треба и никогаш не купувајте облека со лош квалитет.
  • Секогаш бидете претпазливи со тесната облека.
  • Секогаш држете се до своето мислење кога е облеката во прашање, бидејќи сепак вашиот стил е во прашање.

Бриджит Бардо

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-06

  • Изберете фустан кој можете да го носите за секое вечерно излегување.
  • Носете рамни чевли наместо потпетици.
  • Ако се двоумите ставете шешир! Главниот трик за добар изглед е да најдете шешир кој соодветствува на обликот на вашето лице.

Кетрин Денев

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-07

  • Носете миди здолништа и класични блузи со мало деколте.
  • Подобро е да немате на себе повеќе од три различни бои.
  • Избирајте работи кои совршено се надополнуваат.

Вивиен Ли

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-08

  • Избирајте природна шминка.
  • Секогаш давајте ѝ предност на црната боја пред сите останати.
  • Носете секојдневна облека која ја истакнува вашата женственост: тесни јакни и елегантни прави здолништа со тесни машки маички.

Моника Белучи

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-09

  • Истакнете само еден дел од вашето тело: ако сакате да ги покажете нозете, сокријте го деколтето и обратно.
  • Секогаш избирајте монохроматски бои, едноставни дезени и свила.
  • Имајте на ум дека главното оружје на жената е секогаш светлиот кармин и лабаво пуштената коса.

Анџелина Џоли

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-10

  • Користете сјај за усни наместо кармин.
  • Носете елегантна облека секојдневно: комбинирајте ги миди/пенсил здолништата со монохроматски блузи и џемпери со неутрални и светли нијанси.
  • Носете колку што е можно помалку додатоци.

Никол Кидман

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-11

  • Секогаш избирајте монохроматски бои.
  • Носете тесна облека.
  • Штиклите со средна висина ќе направат да изгледате неверојатно женствено.

Шарлиз Терон

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-12

  • Сокријте ги вашите недостатоци и од нив направете ваши силни страни.
  • Не плашете се да изгледате старомодно. Создадете сопствен стил, не е важно ако не ги следните најновите модни трендови.

Салма Хајек

Pravila-za-sovrsen-izgled-od-poznatite-stilski-ikoni-13

  • Основата на женскиот плакар треба да бидат фустаните.
  • Не носете обични фустани, секогаш избирајте нешто кое ја истакнува женственоста и сексапилот.
  • Додадете нешто посебно во секојдневниот изглед, марама, брош, модерна чанта...

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg