Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се нашминкате?

kako-da-se-nasminkate-povekjeОваа пролет ќе биде шарена! И тоа не само кога ќе расцветаат цветовите и дрвјата, туку и на вашето лице. На модните писти дизајнерите ги презентираа...

 

...манекенките во шарени и силни бои.

Оваа сезона слободно покажете повеќе бои на очите, а усните нашминкајте ги со додатна доза сјај.

kako-da-se-nasminkate

1. Виолетова, тиркизна, жолта, зелена – се главни бои оваа сезона кои треба да се најдат на капаците на вашите очи.

Бројните визажисти се инспирирале од последниот филмски хит “Аватар“ и решија да створат шминка како од бајките.

Преку ден идеални се нежни сјаеви со пудреста структура кои ќе додадат и благ пастелен ефект. Навечер смее да бидете и поупадливи.

2. Тргнете од бојата на своите очи. За жените со кафени очи тука се сенките во виолетова и сина боја. На зелените очи спектакуларно ќе изгледа жолтата боја, а на сините зелената.

Ако вашите капаци се нашминкани во бои, немојте тоа да го правите и со трепките.

Држете се до добрата стара црна маскара, а вашите усни нека бидат колку може поприродни – во благи розеви нијанси.

3. Како да се задржи бојата на вашите усни?

Нанесете подлога и моливче за усни по рабовите на устата. Внимавајте бојата да биде во тон со бојата на карминот. Најлесно моливчето ќе го нанесете ако се движите од краевите кон средината на усните.

Карминот нанесете го со помош на четкичка. Со шамивче благо поминете преку усните за да го соберете вишокот нанесен кармин.

Ако имате тенки усни нанесете проѕирен сјај на средина на усните. Овој мал трик визуелно ќе ги зголеми вашите усни.

Би можело да ве интересира:

Светска, а наша! Катарина Ивановска блесна во модна колекција на познат српски бренд Од коктел фустани со точки до совршени женски одела... Катарина е вистинска модн...
Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето н... На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но н...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Модно шоу со скриена моќна порака и уште 2 ревии на отворањето на Shtip Fashion Days 2024 Во мистичната атмосфера на стариот погон на фабриката „Македонка“, беа промовира...
Моден водич за жени: 9 правила за стилско комбинирање на патики Не мора да ги криете чорапите ако знаете да ги искомбинирате, со кратки фустанчи...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg