9 сигурни начини како омилените чевли да не ви предизвикуваат болка

Без разлика дали сте маж или жена, новите чевли се најголемата болка која некогаш сте ја искусиле.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-001.jpg

Следен пат кога ќе сакате да ги облечете прекрасните чевли кои одлично ви стојат со фустанот или оделото, а се сомневате дека ќе ве повредуваат до крајот на денот, применете некое од следниве 9 решенија:

1. Фластери

Ова е најдобро познатиот метод и им се препорачува на жените кои имаат проблем при носење високи потпетици. Само залепете еден фластер на местото каде чувствувате болка или бодеж и ослободени сте од плускавци и рани со време.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-1.jpg

2. Бебешка пудра

Пудрата го спречува триењето на ногата со внатрешноста на чевлите, па ако не носите чорапи, ова е идеално решение.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-2.jpg

3. Дебели чорапи + топлина

Ова е идеален начин да ги раширите тесните чевли. Облечете дебели чорапи, чевлите загрејте ги со фен и облечете ги. Убаво разгазете и повторете ја постапката ако е потребно. Решението е посебно препорачливо за чевли од чиста кожа.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-3.jpg

4. Стик или рол-он

Уште еден производ кој го спречува триењето на ногата и нејзиното потење. Нанесете стик или рол-он со свеж мирис околу прстите ако сте склони на нивно триење заради што добивате плускавци.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-4.jpg

5. Силиконски влошки

Ако ви треба зацврстување на чевлите за ногата и поголема стабилност, само ставете ортопедски силиконски влошки и проблемот е решен.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-5.jpg

6. Мраз

Уште еден добро познат начин да ги раширите обувките од меки материјали. Наполнете ги со вода и оставете ги во замрзнувач преку ноќ. Чевлите ќе се рашират со самото тоа што водата се претвора во мраз.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-6.jpg

7. Алкохол и хартија

Истиот ефект ќе го постигнете и ако ги испрскате чевлите со чист алкохол и ги наполните со хартија колку повеќе можете. Оставете ги преку ноќ да се исушат, па потоа облечете ги.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-7.jpg

8. Хидратантна крема

Оваа техника е идеална за кожни чевли. Премачкајте го внатрешниот дел со хидратантна крема и потоа наполнете ги чевлите со меки крпи. Оставете да отстојат неколку часа.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-8.jpg

9. Компири

Овој трик ќе ви ги рашири сите тесни патики. Исчистете еден компир и оставете го во патиката преку ноќ.

9-sigurni-nacini-kako-omilenite-cevli-da-ne-vi-predizvikuvaat-bolka-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg