Мидер - тајното оружје на славните личности
Нашето тајно оружје во борбата со нерамнините и вишокот килограми - мидерот веќе неколку децении нè слабее, ни го подобрува изгледот и ни го израмнува стомакот.
Дури 7 од 10 жени во Британија признаваат дека имаат барем еден пар кој постојано или повремено го носат.
Не е ни чудно што глобалната продажна е 227.238.262 евра годишно.
Но, понекогаш ова тајно оружје и не е така тајно.
Мидерот можете да го најдете во различни облици, но постојат неколку главни типови:
Прво е оној кој изгледа како кратки панталони и е наменет за да го зацврсти и израмни задникот.
Потоа има такви кои се со висока половина за истовремено да го стеснуваат и задникот и стомакот.
Третиот тип е оној кој има за цел добро да го затегне стомакот и се става само околу струкот.
На кај, доаѓа оној кој го препокрива целото тело како комбинезон.
Моќта зависи во главно од материјалот од кој е направен мидерот, најдобра комбинација е онаа која е составена од полиестер, најлон и еластин.
Каде оди вишокот сало?
Експертите велат дека со помош на мидерот, салото се затегнува во помал простор меѓу мускулите.
Но, мидерот не го носат и оние кои се полнички, туку го носат и слабите, барем тоа со сигурност можеме да го потврдиме од ѕвездите.
Дури и со фотки.
Па, како успешно да го сокриете мидерот за да не го покажете како славните?
Потребно е да внимавате со што го облекувате. Никогаш не го носете со кратки панталони или тесно здолниште кое има шлиц.
Н. Г. | Црнобело