8 трикови со кои ќе ја разликувате квалитетната од евтината облека како експерт
На секој му се има случено да купи кошула која по едно носење ќе се распара на рабовите или фармерки кои ќе се „излижат“ после петтото облекување.
Тоа не значи дека продавачите ве надитриле, туку само дека не сте ги знаеле следниве 10 трикови.
Заштедете си пари и скратете си ги нервозите при следното одење во шопинг:
1. За да го проверите квалитетот на кошулата која сакате да ја купите, ставете ја раката во неа и погледнете ја на добро светло. Колку што материјалот е потенок, квалитетот е толку поголем гласи правилото.
2. Направете тест со туткање. Фатете мало ќоше и стуткајте го со раката. Држете неколку секунди, потоа пуштете. Ако облеката остане стуткана и не се исправи по неколку секунди, веројатно нема добро да помине при првото перење.
3. Тестот со растегнување е посебно корисен кога купувате здолништа или џемпери. Ако материјалот се враќа во првобитната форма, тогаш се работи за квалитетно парче. Ако остане развлечен по првото растегнување, не ни помислувајте да го купите.
4. Избегнувајте патенти кои се гледаат, тие се знак за неквалитетно парче облека. Патентот би требало да е скриен под мало парче материјал и да нема драстично различна боја од материјалот.
5. Проверете дали шарата се совпаѓа на рабовите. Ова посебно важи за ситни и комплицирани дезени кои ако се скроени на брзина, нема да се поклопуваат на краевите.
6. Исто така, проверете го и крајот на патентот. Ако едната страна е подолга од другата, барем и за сантиметар, не купувајте.
7. Ако облеката има копчиња, проверете ги дупчињата. Ако се зашиени со соодветен конец, а не се оставени како што се исечени, тогаш држите квалитетно парче облека.
8. Линиите на палтата и сакоата се добар знак. Само квалитетните палта имаат дополнителни парчиња материјал кој ја држи поставата.
М. Д. | Црнобело