Нови брендови во Fashion & Friends - Lee и Wrangler

Оваа пролет откријте ги двата нови бренда во Fashion & Friends. Lee® ги подготвува мажите и жените за шарена проблет, Wrangler нуди активната пролет да ја поминете во удобен џинс.

novi-brendovi-vo-fashion-friends-lee-i-wrangler-001.jpg

Lee® машка колекција за пролет-лето 2016

Lee® презентира весела, модерна машка колекција за пролет-лето 2016 со избледени материјали, дезени и весели принтови. Легендарните Lee парчиња се обновени со нови бои – од палмино-зелена и небесно сина до црвена како зајдисонце, аплицирани на суптилно структурирани материјали, создадени за модерни времиња.

Lee® Luke се фит фармерки со стеснети ногавици, а Daren и Malone се регуларни, рамни фармерки со остар „скини“ крој. Arvin – лансирани минатата сезона, се релаксирана верзија на регуларните џинс, а исто така има голем избор на куси петџебни панталони, „школски“ чино панталони кои се фит и издржливи, во различни бои и текстури. Деталите во целата колекција се инспирирани од војничките елементи, кои вклучуваат ластик на половината на опуштените jog-џинс со дополнителни џебови и прилагодувачи на теренските, широки панталони.

Lee® се потпира на неговите вештини и знаења за дизајн за да додаде три исклучителни тексас фармерки – црни, сини и бели – серија на различни нијансирани и избледени џинс кои се издојуваат со историскиот начин на кроење на брендот. Финеси како ефекти на различен интензитет на носени или неносени фармерки, имаат ресести детали, искинати или закрпени парчиња. Новиот тренд на нијансирање, инспириран од 80-тите години - „moonwash“ е изречен во темно сиви и модро сини тексас тонови комбиниран со чист, беспрекорен изглед. Другите уникатни ткаенини се со детали на рибина коска и ситни карирани дезени и риги.

Овој летен, енергичен дизајн се пренесува во обновените Lee® тексас кошули за пролет-лето ‘16 во огромна серија на различни нијанси и стилови. Маичките се од високо квалитетни материјали. Беспрекорно сошиена во колекцијата е Lee® моторџиската јакна со храбра палета на бои.

Со вистински иновации во дизајнот, вешти џинс финеси, смели бои и принтови, нови исклучителни материјали со префинета структура, Lee мажите за пролет-лето 2016 може да се сметаат за подготвени за летната сезона, полни со самодоверба.

Lee® женска колекција за пролет-лето 2016

Свежото размислување и самоувереност е пренесена преку светлите и храбри бои – Lee® женската пролет-лето 2016 колекција се движи околу новите прилагодени кроеви, новите структурирани материјали и вистински џинс иновации. „Валкано розова“, светло жолта, светли небесни нијанси и „vintage“ војничко-зелена се комбинираат со темни и богати тонови, а се вклучени и влијанија на војничкиот стил, шириоки шик ногавици кои се дизајнирани за да го слават личниот стил на оној кој ги носи парчињата.

Легендарните Lee® кроеви -  „skinny“, „slim“ и „straight“, се враќаат заедно со широките и ѕвонести ногавици, како и со нови сезонски изненадувања. Scarlett – ултимативните петџебни скини џинс се преработени со нов еластичен раб, а Toxey – супер-скини фармерките имаат привлечен, краток крој со патенти кои се искористени како главен детаљ. Skyler и Emlyn фармерките со висок струк, имаат модерен и рамен фит.

Нов модел за оваа сезона се Auberry фармерките, со кратки широки ногавици, инспирирани од современите улични модни икони. Слични на нив, други модели на широки панталони се Annetta - модерните ѕвонарки, Joliet привлечни панталони до глужд и Sallie – „boyfriend“ џинс.

Секој горен дел, кошула, маица е надградена во формата и дизајнот, со интересни избледувања и нови „oversized“ кроеви. Деталите во колекцијата се прекрасно пренесени преку вметнувањето на  елементи инспирирани од работниците, како и користењето на исклучителни материјали со префинети структури. Возбудливите форми се присутни на тесните Lee® Bib фустани од црн тексас, лежерните шорцеви и „пин-ап“ куси панталони. Џогер-џинс од вешто скроен тексас, со тесни ногавици и ластик на половината, придонесуваат за префинет, спортско-луксузен изглед.

Ова е шарена, летна и весела колекција со вистински џинс интегритет, иновативен дизајн и шик, безгрижен дух.

Движете се со стил со спортската колекција на Wrangler „Active Ready“ за пролет-лето 2016

Легендарниот американски бренд Wrangler ја претставува новата пролет-лето колекција за 2016, инспирирана од спортот и активниот живот, линија создадена од удобни џинс кои и дозволуваат на кожата да дише, а воедно во кои ќе изгледате одлично и ќе можете да бидете активни со стил.

Лидери во џинс иновацијата, „Active Ready“ колекцијата на Wrangler е опремена со широк опсег на jog-џинс кои имаат визуелен приказ на тексас, но всушност се сошиени од иновативна текстилна технологија за да се зголеми удобноста и овозможи движењето. Супер-лежерни, а воедно стилски, jog-џинсот на Wrangler од еластичен тексас и ластик на половината, класичен петџебен стил, доаѓа во различни нијанси на избледувања.

Во активната линија се вклучени лесни сезонски фармерки дизајнирани со Coolmax® технологија, преку која се користат материјали инспирирани од спортската технологија. Овие ткаенини се отпорни на потење и овозможуваат брзо сушење, така што без разлика на високата температура, оние кои ги носат фармерките ќе изгледаат одлично и ќе останат свежи. Клучните џинс парчиња за мажи ги вклучуваат модерните „slim“ Bostin фармерки и регуларните Colton фармерки со тесни ногавици.

Враќајќи ја во живот филозофијата на Wrangler - „роден подготвен“ , колекцијата за пролет-лето 2016 е дизајнирана за да им овозможи слобода и флексибилност на оние кои ги носат парчињата, да можат да преминат од градот во природа, од работа кон авантура, без разлика дали тоа е враќање со велосипед од работа накај дома или пак прошетка за ручек на летното сонце. Со совршеното комбинирање на модата и функционалноста, Wrangler фановите можат да бидат сигурни дека се подготвени за сите сезонски авантури.

Би можело да ве интересира:

Чевли кои е подобро да ги заобиколите, дури и ако се на попуст Безличните балетанки веќе се демоде, а сандалите со врвци до колената или со про...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Кој е дечкото што со модниот стил и бундата од баба му го привлече вниманието на Shtip Fashion Days ... „Дефинитивно имам ексцентричен моден стил... Понекогаш и пред огледало се прашув...
8 совети за стилски комбинации со тексас облека Тексасот и облеката од кадифе одлично се надополнуваат и никогаш нема да погреши...
Впечатливи фустани во силни бои ако сте гостинка на летна свадба (фото) Црната е безвременска класика, но ова лето засенете ги сите со фустан во впечатл...
4-годишно девојче од Скопје е мини модна ѕвезда со кул пролетни аутфити Кул модни комбинации и „шизички“ пози – 4-годишната Фрида од Скопје е хит на Инс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg