Сладок микс од луксуз и авангарда: Вториот ден од Модниот Викенд во Скопје

Луксуз, јапонска инспирација, геометрија, авангарда... е дел од описот на атмосферата на втората вечер од Модниот Викенд.

sladok-miks-od-luksuz-i-avangarda-vtoriot-den-od-modniot-vikend-vo-skopje-01.jpg

Вечерта им беше посветена на Европскиот универзитет, Линеа, Тијана Младеновиќ (Србија), Елези (Париз) и секако неповторливата Ирина Тошева.

Кога зборуваме за материјали, најприсутни беа жоржетот, памукот и свилата. Од боите, вариететот е ограничен на црната, белата, црвената, сивата, со примеси од зелена и морнарско сина.

Освен голиот грб, кулотите и кроп топовите, дизајнерите препорачуваат тесни здолништа, транспарентни блузи и асиметрични комбинезони.

 

Линеа

Оваа модна куќа се фокусира кон задоволување на вкусот на секојдневната жена нудејќи парчиња кои блескаат со бизнис стил во сладок микс со кежуал девојка.

Она што е важно да се напомени е ризичноста со боите. Разни комбинации на розова со црвена, тиркизна со морнарско сина се прелеваа на модната сцена.

Одејќи по стапките на Коко Шанел, Линеа ја претставува жената како способна и моќна, но сепак со насети на феминизам и женствен изглед. Освен ризичната комбинација на бои што се покажа како успешна, преовладуваа костими составени од здолништа, сако и блуза.  

linea_01.jpg

linea_02.jpg

linea_03.jpg

linea_04.jpg

 

Тијана Младеновиќ

Тијана Младеновиќ од Србија се претстави со колекцијата насловена како „Шингами“. Авангардата и футуризмот се главен мотив, а изборот на бои е претежно монохроматски.

Манекенките кои наликуваа на гејши носеа сандали слични на дрвените што се носат во Јапонија со бели чорапи.

Најзастапени се парчиња со асиметрични ракави надополнети од набори во стил на шпанската фламенко танчарка.

tijana_mladenovikj_01.jpg

tijana_mladenovikj_02.jpg

tijana_mladenovikj_03.jpg

tijana_mladenovikj_04.jpg

 

Елези Париз

Првата помисла кога ќе ја видите ваквата колекција е „луксуз“. Изработена од свила, моделите на Елези Париз беа како невести.

Белата боја беше единствена основа, но боите се гледаа во деталите, поточно во принтот кој беше составен од шарени точки претежно во портокалова, зелена и сина боја.

Покрај 2-3 невестински модели беа презентирани и фустани за посебна пригода.

elezi_paris_01.jpg

elezi_paris_02.jpg

elezi_paris_03.jpg

elezi_paris_04.jpg

 

Ирина Тошева

Пастел и богата текстура се првите зборови кои ќе ви паднат на ум кога ќе ја погледнете колекцијата на Ирина Тошева.

Интересни засеци, принт кој потсетува на ацтеки со 3D елементи се дел од новите иновации кои ги замислила Ирина Тошева.

Колекцијата е слатка и нежна, а најкористен материјал е свилата.

irina_tosheva_01.jpg

irina_tosheva_02.jpg

irina_tosheva_03.jpg

irina_tosheva_04.jpg

Софија Сионова | Црнобело

Фото : Ани и Дими

Би можело да ве интересира:

Модни комбинации од познатите Македонки – инспирација за матурската вечер Префинета елеганција како Каролина Гочева, Барби стил како Марјана Станојковска,...
14 идеи како да комбинирате мини здолниште во септември 2024 (фото) Мини здолништата повторно се враќаат во мода, а овој септември, без оглед на тем...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Миа Костова и Маја Кикириткова избраа црни аутфити и ги комбинираа со црни очила...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...
6 модели на чанти кои ќе ве претворат во старомодна жена (и треба да ги избегнувате) Долгнавести, црни чанти како поштарски, модели без форма кои наликуваат на вреќа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg