5 модни грешки заради кои изгледате пониско

Облеката може да биде ваш најголем сојузник, но и ваш најголем непријател, ако не ја носите на вистинскиот начин.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-001.jpg

Погрешниот избор на облека многу често знае да ги истакне вашите недостатоци наместо да ги прикрие и да придонесе вие да се чувствувате многу лошо во сопствената кожа.

Ова се 5-те најчести модни грешки заради кои изгледате многу пониско од тоа што навистина сте:

1. Носите облека која не ви одговара

Обидете се преку вашиот изглед да направите долга, вертикална линија без визуелни прекинувања. Обувките со висок свод визуелно ќе ви ги скратат нозете па затоа избегнувајте ги. Отворените салонки и сандалите со тенки ремчиња се многу подобар избор.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-01.jpg


2. Вашите здолништа и фустани не се доволно кратки (или долги)

Должината на здолништето или фустанот е многу важна кога е во прашање целосниот изглед на вашата фигура. Кратките здолништа над колена (што пократки тоа подобро) и макси фустаните ќе ја издолжат вашата фигура. Сè што е помеѓу - тоа не е вистински избор за вас.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-02.jpg


3. Помалку е повеќе

Погледнете ја добро сликата. На левата страна, вашиот поглед одма паѓа на долниот дел и затоа фигурата изгледа многу поситна од тоа што всушност е. За разлика од тоа, на другата страна, забележувате совршено пропорционално тело и прекрасно лице.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-03.jpg


4. Носите премногу големи чанти

Модните детали, како чантите, може да имаат големо влијание врз вашата висина.  Решението е во пронаоѓање модел кој ќе ја издолжува вашата фигура. Огромните чанти не само што се лош избор за вашиот грб, туку и ќе направат да изгледате многу поситно од тоа што навистина сте.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-04.jpg


5. Вашата коса е предолга

Покажете ја вашата кожа! Подигнете ја косата или скратете ја со што ќе го насочите вниманието на вартот или деколтето и на тој начин ќе изгледате повисоко и повитко. Имајте предвид дека преголемата коса на некој начин ќе ве „проголта“.

5-modni-greski-zaradi-koi-izgledate-ponisko-05.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои. Невоз...
Единствениот модел на балетанки кој ќе биде хит за пролет/лето 2025 Со животински принт, со нитни или едноставни во црна боја - изборот е ваш, важно...
Црна тантела, високи чизми: Како се дотераа гостите за настапот на Махмут Орхан во Скопје? Елена Најдоски, Калтрина Круезиу и Миа Костова, беа само дел од гостите кои сино...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Венчаници што ѕвездите го носеа на филм vs. на својата свадба Колку се разликуваат венчаниците што ги носат ѕвездите во филмовите, наспроти он...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg