Како се изработуваат крилата за моделите на Victoria's Secret?
Да имате можност да носите крила на себе за време на шоуто на Victoria’s Secret, тоа значи дека сте успеале – вие сте ангел и дел од мала група на модели кои се меѓу најдобро платените и најпознатите модели во светот.
Но, како изгледа подготовката на овој статусен симбол?
1. Многу луѓе учествуваат во креирањето
Дел од парчињата кои се потребни за креирање на крилата се прават во самата компанија, но често се употребуваат и други компании. Една од нив е и Final Frontier Desigh која е одговорна и за креирањето на костимите на НАСА.
2. Крилата се тешки
Крилата знаат да бидат пошироки од 2 метри и да тежат до 9 килограми, па повеќе од очигледно е зошто толку вежбаат ангелите.
3. Крилата мораат да бидат заштитени
Крилата мораат да бидат заштитени додека моделите се движат на пистата инаку постои можност да се расклопат на делови. За време на многуте проби, дизајнерите откриваат кој е најдобар начин за да се заштитат крилата.
4. Крилата многу се кршат при подготовката и пробите
Зад сцената често се случува моделите да ги удираат крилата. Тоа значи може мали парчиња од крилата да се уништат, како светилките, пердувите, врвките... Дизајнерите до последен момент прешивале орхидеи на едни од крилата кои ги носи Алесандра Амбросио.
5. Луѓето кои ги креираат крилата не смеат да ги гледаат моделите во очи
Повеќето од луѓето кои се одговорни за креирањето на крилата се мажи кои имаат стриктна напомена да не ги гледаат моделите во очи. „Моделите се третираат како божици“ – вели Кортни, една од поранешните дизајнери.
6. Моделите мотивираат
Кога се случуваат сосема неочекувани работи зад сцена, моделите се тие кои ги тешат и мотивираат работниците да не се реагираат бурно и да продолжат со својата работа.
7. Материјалите се рециклираат
Често материјалите или деловите од крилата се употребуваат и наредната година за подготовка на новите крила.