5 главни женски модели на чевли за оваа есен
Добро подгответе се, оваа есен ќе преовладуваат 5 типа на чевли и чизми, па потрудете се да се подновите на време.
Ако веќе започнавте со обновувањето на есенската гардероба, еве на кој тип на чевли треба да обрнете најголемо внимание:
1. Софистицирани рамни чевли со машка линија
Направени од кожа или антилоп, а доаѓаат во повеќе варијанти - оксфордки, мокасинки или шпиц балетанки. Можете да ги споите со речиси сите основни парчиња облека - од фармерки, до кратки фустанчиња и здолништа.
2. Чизми до глужд со дебела потпетица
Овие чизми се доволно софистицирани и можете да ги носите и во вечерни и во дневни варијанти - на состанок, вечера или излегување.
3. Бели патики
Прекршете ги правилата и одберете патики во бела боја кои ќе ги носите секогаш кога сакате опуштен впечаток. Можете да ги комбинирате со обична маица, широки фармерки или краток фустан и кратка јакна. Експериментирајте со нив.
4. Чизми над коленици
Веројатно сите имате едни вакви, па затоа погрижете се да ги износите и оваа есен. Црни или кафени, од кожа или антилоп, одговараат буквално на сè.
5. Гумени чизми за дожд
Иако не изгледаат најмодерно, би требло да имате еден пар кој ќе ве заштити од мокрите нозе и ногавици. Оваа сезона изборот е голем, па затоа можете да одберете еднобоен модел или дезениран.